ТОЈ Е ЛИДЕРОТ НА ВОЕНИОТ УДАР: Екс-офицер во Турската армија, поврзан со имамот од САД Фетула Гулен!

Полковникот Мухарем Косе, екс-офицер во Турската армија е именуван од страна на државната новинска агенција Анадолу како лидер на обидот за воен удар против претседателот Реџеп Таип ЕрдоганКрвавиот воен удар кој се случи во Анкара и во Истанбул сега доби и лик, а тоа е екс Турски офицер кој бил избркан од војската во Март оваа година, поради неговата поврзаност со анти-владини структури и со имамот од САД Фетула Гулен.
Полковникот Мухарем Косе го најави формирањето на „Мировниот совет“, преодна влада која треба да ја врати демократијата и човековите права во Турција, како што велат опозиционерите, кои Ердоган ги уништил и задушил во земјата.
Воените сили лојални на Косе ја завземаа државната телевизија ТРТ, мостовите и интернационалниот аердором „Ататурк“, кои набрзо потоа беа земени назад од страна на воени сили лојални на Реџеп Таип Ердоган.
На почетокот пучот се чинеше успешен, додека претседателот Ердоган не настапи на Си-Ен-Ен Турк преку ФејсТајм на мобилниот на презентерката, преку кој го повика Турскиот народ да излезе на улциите и да ја заштити државата и демократијата. Овој потег инцијално беше исмеван од страна на Западните медиуми и лидери, но на крајот се покажа како вистински чекор, со милиони Турци на улиците во поддршка на Ердоган.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини имамот од Пенсилванија, САД и неговите поддржувачи како водечки агитатори за воениот удар и организатори на крвопролевањето.Крвавиот воен удар кој се случи во Анкара и во Истанбул сега доби и лик, а тоа е екс Турски офицер кој бил избркан од војската во Март оваа година,

Пронајдете не на следниве мрежи: