Тој е појак дури и од Чак Норис

Колку и да звучи неверојатно, тој реживеал авионска несреќа, си ги одгризал прстите, го извадил окото, се борел во сите поголеми војни на минатиот век, бил застрелан неколку пати но на крај умрел од старост.

Појак е и од Чак Норис зар не?

Во куси црти вака Википедија го објаснува Сер Адријан Паул Картон де Варт кој преживеал се, а умрел од старост.

Му сметало окото!

Тој живеел во Белгија, Египет, Англија, Индија, Јужна Африка, Полска и Кина, а студирал на Оксфорд. Но, тој се откажал од студиите со цел да учестува во војната.

Се борел и во Првата и во Втората светска војна, а бил застрелан во главата, стомакот, зглобот, ногата, колкот и увото. Колку и да звучи неверојатно, тој сам си ги исекол прстите бидејќи неговиот доктор не можел да му ги импутира. Окото пак му пречело при нишање, па решил да си го извади.

Војната е забавна!

Бил воен советник на Винстон Черчил пред Втората светска војна, а кога наполнил 60 години бил отпишан од армијата бидејќи младите генерали сметале дека е стар. Но човек од ваков калибар не е лесно заменлив, па британската војска го повикала назад.

Една година подоцна тој побегнал од италијанскиот логор, а преживеал и пад од скали. Војната, вели, е забавна и не можел да ги разбере луѓето кои сакаат да живеат во мир.

Овој неверојатен ентузијастички воин починал од старост во 1963 година на 83 години, а Daily Dot неодамна и го прогласи за најинтересниот човек на Википедија.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: