Тој има 91, а таа 96 години: Ја запросил по ДЕСЕТ ГОДИНИ врска!

По една деценија заеднички живот, Бил Грифитс и Фло Маршалсеј, кои заедно имаат 187 години, одлучиле да ја официјализираат врската.Како пренесуваат британските медиуми, 91-годишниот Бил за запросил својата пет години постара девојка додека пиеле чај во заедничкиот дом во централна Англија.
– Бил ме погледна и ми рече: Фло сакаш ли да се омажиш за мене? Му одговорив со „ДА“ и тој ме бакна, изјавила идната невеста која додала дека Бил не клекнал, но сепак сѐ излегло многу романтично.
– Ме изненади, но животот е полн со изненадувања, додава Фло.
Парот одлучил да се венча на 16. јануари во локална црква во присуство на своите пет деца, 14 внуци и 7 правнуци.
– Никогаш не сте стари за да се венчате. Стари сте онолку колку што се чувствувате старо, а јас не се чувствувам така. Физички сум стара, но имам млад дух. Кога некој би ми кажал дека сум премногу стара за да прошетам до олтарот би му рекла дека зборува глупости, додала Фло која го запознала Бил во еден танцов клуб во 1982 година.Како пренесуваат британските медиуми, 91-годишниот Бил за запросил својата пет години постара девојка додека пиеле чај во заедничкиот дом во центра

Пронајдете не на следниве мрежи: