Гадир Ахмед во 2009 година (на нејзини 18 години) играше со своите пријатели во куќата на еден од нив. Некој од пријателите тогаш ја сними со мобилен телефон.„Се забавувавме како и сите други девојки. Немаме каде да играме заедно на друго место“, ја започнува таа својата приказна.
Таа го испратила видеото на своето момче, но кога се разделиле, тој се заканувал дека ќе го објави.
„Сакаше да го искористам видеото на кое играм заради освета. Сакаше многу да ме посрамоти. Доаѓам од многу конзервативно, традиционално општество, за мене и за многу Еѓипќанки нашите тела можат да бидат извор на срам за семејството, ако направиме нешто погрешно или ако не силуваат“.
Момчето во 2013 година ја постави снимката на Јутуб. Гадир отишла во полиција. „Неговиот адвокат вршеше притисок врз мене да го водиме случајот надвор од суд, но бидејќи снимката стана јавна, сметав дека и парницата треба да се води јавно. Беше осуден за клевета, а тоа за него е големо понижување“.
Таа мислела дека нејзината битка е завршена, но не била во право. Ја основала групата „женска револуција“.
„Ние сме група девојки која разговара за тоа дека немаме никакви права во општеството. Живееме овде како да сме гости“.
Таа добила многу непријатели, но гостувајќи во емисии се борела за женските права. Во 2014 година самата ја ставила снимката на страницата на Фејсбук. „Моето тело не е извор на срам. Немам од што да се срамам“, напишала во описот на снимката.
Таа сега е студент во Каиро. И понатаму е лидер на „женската револуција“.
„Се забавувавме како и сите други девојки. Немаме каде да играме заедно на друго место“, ја започнува таа својата приказна.
Таа