Тој мирис и вкус…Ќе ве врати во детството: Пирошки со компир и сирење!

Ова е еден од оние рецепти кои ќе ве вратат во детството. Тој мирис и вкус….Не ве потсетува на специјалитетот на баба? Уживајте!Потребни состојки:
-1 кг компир
– 1 кг брашно
– 400 гр сирење
– 1 јајце
– 2 супени лажици сол
Подготовка:
Компирот најпрво измијте го, излупете го и изгмечете го со виљушка.
Потоа белото сирење соединете го со компирот и посолете по вкус.
Замесете тесто од брашното, јајце, вода со додавање на сол, додека се убаво не се соедини. Потоа оставете да отстои 15-20 минути а потоа расукајте го на дебелина од 5 милиметри.
Потоа земете чаша и правете кругови до 5 сантиметри.

Круговите од тесто полнете ги со мала лажичка од филот со компир и сирење, па преклопете ги на половина и добро затворете за да не се отвораат за време на варењето.

Кога ќе го потрошите целиот фил, ствајте ги во поголемо тенџере со зовриена посолена вода и варете ги до моментот додека не испливаат на површина, тогаш ќе знаете дека се готови.
Можете да испржите и малку сланина, бидејќи одлично оди заедно. Сервирајте ги со кисела павлака и ќе добиете едно превкусно јадење, кое верувајте дека ќе ве потсети на детството.

Добар апетит!Потребни состојки:
-1 кг компир
– 1 кг брашно
– 400 гр сирење
– 1 јајце
– 2 супени лажици

Пронајдете не на следниве мрежи: