Тој налути иладници луѓе на интернет: Неговите совети ги надминуваат сите граници

Контроверзниот „гуру за забавување“, Џулијан Бланк, на Твитер објавил графика со име „Како да ја натерате да остане“.Графиката не ја следат никакви љубовни совети туку јасни препораки како да ја злоупотребувате жената. Повеќе од стотина луѓе потпишале петиција да се тргне оваа објава, а на Џулијан му се заканува забрана за влез во Велика Британија бидејќи тамошните министри сметаат дека со своите совети шири насилство.
Оваа графа е направена за да им биде полесно на жените да ги воочат своите облици на насилство. Но, Џулијан и дал нова крајно проблематична намена.
Џулијан Бланк и претходно поради контроверзните совети за забавување, односно за тоа како треба да се задржи жената (од закани за самоубиство, изолација од  нејзините пријатели), морал да ја откаже турнејата во Австрија. Неговите препораки налутиле голем број  луѓе во оваа земја.
Последниот потег на Џулиан Бланк стигнал и до британската министерка Лин Фитерстоун која на секретарката на парламентот, Тереза Меј, и наложила да му забрани влез во Велика Британија на овој човек.

„Многу сум загрижена поради одвратните изјави на Џулијан Бланк за жените. Доколку му се дозволи да настапува во Велика Британија, случаите на сексуално вознемирување и застрашување можат само да се зголемат“, рекла министерката.

Таа додава дека слободата на говорот мора да постои, но не без одговорност за она што се зборува.
Нејзината одлука ја поддржале и членовите на британскиот парламент. Џулијан Бланк, покрај чие име стои титулата  извршен директор  на компанијата „Real Social Dynamics”, меѓународна компанија за пронаоѓање партнер, никогаш не се воздржувал да пропагира насилство над жените. На семинарите често покажува снимки на кои мажи присилуваат жени на секс.
Неговите постапки остро ги осудила и Сара Грин, од организацијата „End Violence Against Women Coalition”.Графиката не ја следат никакви љубовни совети туку јасни препораки како да ја злоупотребувате жената. Повеќе од стотина луѓе потпишале петиција да

Пронајдете не на следниве мрежи: