Тој НИКОГАШ не знае дали ќе се разбуди како маж или како жена

Љубовта на двајца тинејџери ги шокираше светот. Рајан Вајгли е биполарен дечко и среќно е заљубен во својата девојка. Неговата осумнаесетгодишна девојка, Кристал Григс, вели дека го сака без оглед во каква состојба ќе се разбуди покрај неа. Неговата женска половина се вика Рија и не се срами од неа.За Рајан секој ден претставува предизвик, во зависност од тоа дали се чувствува како жена, или како маж.
Додека многумина бираат облека за еден пол, тој секое утро е во дилема помеѓу полните плакари со машка и женска гардероба. Тој понекогаш се доведува во ситуација во текот на денот да ја смени личноста, а со самото тоа и гардеробата.
Неговата состојба беше откриена кога посетил психијатар и од тој момент станал дел од транссексуалната заедница.
– Многу е збунувачко. Мора да погодувам кој пол ќе бидам наредниот ден и според тоа ги планирам активностите. Се обидувам да истражам како се чувствувам кога си легнувам да спијам. Ако се чувствувам женствено, ќе морам да го наместам алармот да ме разбуди порано за да се подготвам за претстојниот ден. Доколку неколку дена по ред се чувствувам како жена, морам секој ден да си ја бричам брадата, градите и нозете, да си ја мијам косата и да носам шминка. Ја преферирам состојбата кога сум жена, но се чувствувам поопуштено како маж.

Рајан од секогаш го привлекувале девојки, но имал проблеми во врските затоа што претходните негови избранички не можеле да се носат со неговите две личности.
Во септември минатата година ја запознал Кристал.
-Т аа вечер, тој беше Рајан. Се поздравивме и потоа го додадов на Фејсбук – вели Кристал.
Тогаш следеше изненадување.
– Еден ден ми коментираше на статусот од профилот на Рија и го препознав. Дотогаш никогаш немав слушнато за биполарно пореметување и мислев дека тоа е некаква шега. Набрзо потоа успеа да ми објасни за што точно станува збор и успеав да го разберам – објаснува девојката.
Некои биполарни луѓе имаат одвоени личности, но нивните сенки се преклопуваат.
– Тој дефинитивно има две личности. Рајан е мажествен, а Рија умее да ја врти косата низ прстите. Понекогаш позајмувам облека од Рија, а моите пријателки се љубоморни на начинот на кој што таа се шминка – низ смеа заклучува Кристал.За Рајан секој ден претставува предизвик, во зависност од тоа дали се чувствува како жена, или како маж.
Додека многумина бираат облека за

Пронајдете не на следниве мрежи: