Тој живее повеќе од една година со вештачко срце во ранец!

Веќе 555 дена, Американецот Стен Ларкин живее со „вештачко срце“, што го носи во својот ранец секој ден, пренесува сајтот ScienceAlert.Неодамна, 25-годишниот младич претрпува целосна срцева трансплантација по која повеќе од една година живее само со помош на апаратот.
Успехот на постапката дава надежи дека апаратот може да се користи за одржување на други пациенти со срцеви проблеми во живот, додека чекаат за донатор.
Во 2014 година, Стен стана првиот пациент во Мичиген кој го добива SynCardia како замена за неговото срце.
На него и неговиот брат Доминик, уште како на тинејџери им беше дијагностицирана наследна кардиомиопатија, генетска болест што предиспонира кон срцева слабост.
По долги години поминати во очекување ва донатор, браќата се оперирани и нивните срца се отстранети и заменети со апаратот.
„Двајцата беа многу лошо кога ги примивме за прв пат во ургентното одделение“, вели Џонатан Хафт, хирургот од медицинскиот центар при Универзитетот во Мичиген, кој ја изврши операцијата.
За разлика од дефибрилаторот, кој може да помогне при делумна срцева слабост, SynCardia се користи при целосно одбивање на срцевата активност.
Доминик го добива својот трансплантант само недела по првата операција, но за Стен морале да чекаат повеќе од една година.
За да не останува неподвижен во болница, тој е опремен со SynCardia Freedom Portable Driver, целосно преносливо вештачко срце, кое може да се носи во ранец.
Преносниот комплет тежи 6 килограми, уредот се поврзува со циркулаторниот систем на пациентот и со помош на пумпи и компримиран воздух се пумпа крвта во неговите артерии.
Стен го добил новото срце по операција на 9 мај 2016 година и веќе е целосно заздравен.
Тој се надева дека споделувајќи ја неговата приказна, јавно ќе ја подигне свеста кај луѓето кои живеат со срцева слабост.Неодамна, 25-годишниот младич претрпува целосна срцева трансплантација по која повеќе од една година живее само со помош на апаратот.
Успех

Пронајдете не на следниве мрежи: