Јапонскиот автомобилски гигант Тојота и американската компјутерска компанија Мајкрософт, ќе соработуваат во создавањето на ново „смарт возило“.За таа цел ќе се отвори нова компанија со седиште во Тексас (САД), која ќе се занимава со обработка на големи количини на податоци од автомобилите, користејќи го „клауд системот“ на Мајкрософт.
Идејата е да се создадат усовршени самоуправувачки автомобили-роботи, определени од Мајкрософт, кои ќе наликуваат на „големи смартфони“ и ќе бидат во можност да ги разберат навиките и потребите на своите сопственици.
На пример, автомобилот ќе се сеќава на омилените правци и однапред ќе наоѓа паркинг место за возачот, откако ќе добие дозвола од него. Освен тоа, автомобилите ќе имаат можност да се поврзат и со други автомобили со такви системи, за да добиваат брзи информации за тоа каков е сообраќајот, а потоа ќе пресметуваат со максимална точност за колку време возачот ќе може да стигне до крајната точка.
Автомобилите ќе можат да ја следат и здравствената состојба на нивните возачи, ќе го пресметуваат пулсот и другите здравствени карактеристики со помош на допир на воланот.За таа цел ќе се отвори нова компанија со седиште во Тексас (САД), која ќе се занимава со обработка на големи количини на податоци од автомобилите,