Голем број нови апарати се набавени и донесени на Клиниката за токсикологија, а најголем дел од нив се ставени во функција. Станува збор за опрема во вредност од 11,5 милиони денари, односно околу 180 илјади евра.
Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети Клиниката каде се сретна со менаџментот на таа јавна здравствена установа.
– Оваа клиника во голема мерка функционира како Интернистички ургентен центар, постојано се справува со зголемен број на пациенти. Од година во година се зголемува бројот на пациентите, а и структурата на пациентите е различна. Од тој аспект одлучивме да инвестираме во нова опрема, делумно замена на постојната опрема која ја имале, делумно набавка на иста опрема, но во поголема количина, на пример поголем број монитори, а делумно и опрема која претходно воопшто ја немале, изјави Тодоров.
Посочи дека очекува сериозно да се подобри квалитетот на работа на Клиниката и да се олесни работата и на докторите и на целиот здравствен персонал, како и да се подобрат условите за пациентите во таа јавна здравствена установа. Набавката на нова централна мониторинг станица, потенцира, е нешто што го немало тука, имало монитори, но во форма на централна мониторинг станица немало и не функционирало такво нешто во оваа Клиника.
– Тоа многу ќе помогне во работата на Клиниката имајќи предвид дека досега овој Интернистички ургентен центар функционирал само со четири монитори, а сега се набавени дополнителни 14. Исто така, набавени се и нови ЕКГ апарати, нови дефибрилатори, нешто што сериозно ќе помогне да се подобри работата на оваа Клиника. Очекуваме уште еден дел од оваа опрема да пристигне во наредните денови со што комплетно ќе се заокружи целата оваа набавка на опрема за Клиниката за токсикологија, рече Тодоров.
Економскиот директор на Клиниката за токсикологија, Никола Ташев се заблагодари на Министерството за здравство за добиената опрема со која, како што рече, ќе го зголемат квалитетот и условите за работа.
Доктор Лидија Петковска истакна дека новата опрема најмногу ќе помогне во следењето на пациентите кои се сместени во интензивна нега, како и во работата во амбулантскиот дел – мониторирање на тежок пациент, користење на пулсоксиметрите, новите ЕКГ апарати, нов дефибрилатор, со што ќе им се олесни амбулантското работење и работењето во хоспиталниот дел.Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети Клиниката каде се сретна со менаџментот на таа ја