Биле хипохондрици или не, навистина постојат ситуации во кои се загрижуваме за своето здравје, посебно кога на телото ќе ни се појави нешто што никој друг го нема. Затоа би требало редовно да се оди на лекарски прегледи.Многумина дури и тогаш бираат да останат дома, надевајќи се дека ќе помине само од себе. Таков е случајот и со Мерцедес Таламантес од Мексико. Цели пет години во неа растел тумор, кој можел да ѝ го загрози животот.
Туморот достигнал тежина од 60 килограми. Оваа 51-годишна жена дури по убедувањето на семејството одлучила да се обрати на лекар.
Итно е префрлена во болница во близина на куќата, каде тим од експерти изврши операција за отстранување на туморот. Таа признала дека во последните две години едвај одела и дека имала потешкотии со дишењето.
Докторите успешно го отстраниле туморот. Хируршкиот тим, на чело со доктор Жилберт Салазар, работел цели четири часа на отстранување на туморот и така отстраниле половина од тежината на жената. Но, јајниците биле зафатени од туморот.
– Се чувствувам како препородена! По операцијата, кога прв пат прошетав, се почувствував како да одам по облаци, рекла на крајот Мерцедес.
Многумина дури и тогаш бираат да останат дома, надевајќи се дека ќе помине само од себе. Таков е случајот и со Мерцедес Таламантес од Мексико. Цели