Претставникот на Граѓанското движење на одбрана на Македонија, Александар Пандов денес преку социјалните мрежи се огласи по повод откажувањето на дебатата која требаше да се одржи во ЕУ инфо центарот со претставници на граѓанскиот и невладиниот сектор.-Со големо жалење сакам да ја информирам македонската демократска јавност дека денешната дебата закажана во ЕУ инфо центар е откажана. Да појаснам дека на дебатата бевме поканети 30-тина граѓански и невладини здруженија од кој само јас како претставник на ГДОМ, а сите останати како подржувачи на Протестирам. Темата беше улогата на граѓанскиот сектор во политиката. Поради закани за бојкот, а и најавени протести на “шарените” пред ЕУ канцеларијата заради моето присуство како претставник на ГДОМ од безбедносни причини дебатата е откажана. Па морам да прашам, до толку ли се плашат од мене и ГДОМ “шарениве” или толку им е демократскиот капацитет за разговор и дебата?, пишува Пандов на социјалната мрежа Фејсбук.
-Со големо жалење сакам да ја информирам македонската демократска јавност дека денешната дебата закажана во ЕУ инфо центар е откажана. Да појаснам