Толку од „чудото“ за Велики Петок: „Црвената река“ била и сина и зелена…

Црвената Кубрушница во Аранѓеловац не била никакво чудо пред Велигден, бидејќи реката ја обоиле луѓето! Кој и што пуштил во водата, ќе утврди истрагата која ја спроведува српското МВР.Според изјавата на претседателот на општината Топола Драган Јовановиќ, во близина на реката се наоѓаат неколку фирми. Тој се сомнева дека наводните загадувачи би можеле да бидат претпријатија кои се наоѓаат во непосредна близина.
„Во тој дел работат фирми кои се занимаваат со преработка и боење на камења. Кога ги мијат големите мешалки кои потсетуваат на силоси од камена прашина во која има и фарба, таа вода заминува во канализацијата која директнос е влева во Кубрушница. Треба да се утврди која од тие фирми нема пропишани филтери“, вели Јовановиќ.
Тој наведува и дека боењето на водата се случило и минатиот четврток околу 15 часот и дека „крвавата Кубрушница“ ја фотографирала една жена која живее во близина. Според неговите зборови, водата тој ден била црвена, но тоа не бил прв пат, ниту единствена боја.
„Моите пријатели од Загорица и Крќевац, низ кои поминува Кубрашница, ми јавија дека имало денови кога реката била сина и зелена. Тука мора да реагира и Министерството за заштита на животната средина“, навел Јовановиќ и додал дека е земен примерок од водата на Кубрушница за кој наскоро ќе бидат готови анализите.Според изјавата на претседателот на општината Топола Драган Јовановиќ, во близина на реката се наоѓаат неколку фирми. Тој се сомнева дека наводните

Пронајдете не на следниве мрежи: