Тони Трајковски: Интензивно се работи на терен

Штетите се големи, меѓутоа интензивно се работи на терен и резултатите се видливи изјави градоначалникот Тони Трајковски на најпогодената општина од Скопското невреме, Гази Баба, во отвореното студио на ТВ Нова на тема „Поплави и санирање на последиците.Тој зборуваше за реакцијата на институциите уште вечерта, како и последиците, но и справувањето со истите.
-Најзафатена од поплавите  беше Општина Гази Баба. Кога добивме дојава за невреме, заедно со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски,  бевме на лице место и се работеше за голема количина на водена маса што подоцна експертите ја нарекоа „водна бомба“, а она што е карактеристично за неа е тоа што таа имаше голема разорна моќ. Пристигнав на терен и веднаш ги алармирав надлежните, имаше поддршка од сите институции. Благодарение на времената реакција, институциите веднаш дојдоа на лице место, но и граѓаните меѓусебе си помогнаа, раскажа Трајковски.
Градоначалникот додаде дека најнеопходно било да се укаже помош  уште вечерта,  а лично посведочил како 14 екипи на брзата помош пристигнале веднаш, а како што рече, некаде во 22 часот пристигнале и багерите на терен и веднаш започнале со расчистување.
-Првиот кризен штаб го одржавме на последна 45-ка и со тоа помогнавме на голем број граѓани. Лично можев да видам како каналите беа затрупани со возила, кал и разни предмети,  се сеќава Трајковски.Тој зборуваше за реакцијата на институциите уште вечерта, како и последиците, но и справувањето со истите.
-Најзафатена од поплавите  

Пронајдете не на следниве мрежи: