Топ 10 најопасни градови во светот

Општо е познато дека Јужна и Средна Америка се познати по нарко-картелите и дека животот во нив е навистна опасен. Комбинацијата од организиран криминал, трговија со дрога  и влади кои не се дораснати на тој предизвик. Се тоа придонесува во овие градови да ја нема потребната сигурност за живеење.
Според светските листи за опасни градови по бројот на убиства, во првите  50 дури 40 града се од Јужна Америка.
Погледнете кои се најопасните градови во светот.
 
10.  Belem, Brazil
Популација: 2.100.319
Убиства: 1.639
Стапка на убиства: 78
Најважна транзитна точка за пренос на кокаин, во овој град се води борба за територија помеѓу шверцерите на дрога.   Додека државата станува се побогата нејзиното население се повеќе употребува кокаин, дури 18 % од светското производство на дрога се користи во земјата на самбата.
 

 
9.Durango, Meksiko
Популација: 593.389
Убиства: 474
Стапка на убиства: 79 %
Борбите за дрога во Мексико  се најшокантно прикажани кога е откриена низа од масовни гробници во овој град во кој се проајдени дури 340 тела.

 
8. Chivava, Meksiko
Популација: 831.693 Убиства:690 Стапка на убиства: 82,96
Овој град се наоѓа на околу 250 километри од границата со Тексас и е важна сѕаница за пренос на дрога. 

 
7. Toreon, Meksiko
Популација: 1.128.152
Убиства: 990
Стапка на убиства: 87
Овој град е во постојани пресметки помеѓу нарко-картелите. Во јуни во 2012 година убиени се 14 луѓе, од кои 5 биле исечени на парчиња, а двајца биле обезглавени.
 

 
6. Karakas, Venecuela
Популација: 3.205.463
Убиства: 3.164
Стапка на убиства: 98
Во овој град владее вистинска воена зона поради дрога. Сите убиства се забележани во текот на 2011 година а дури 90 % од нив не се разрешени. Насилството  е најважна тема на политичката сцена.
 

 
5.Distrito Sentral, Honduras
Популација: 1.126.534
Убиства: 1.123
Стапка на убиства 99
Смртта во овој град е толку честа па затоа градоначалник понудил бесплатни погреби на сиромашните, бидејќи многу тела се закопувани во кеси за ѓубре.

 
4.Akapulko, Meksiko
Популација: 804.412
Убиства: 1.209
Стапка на убиства: 127
Некогаш познатото летувалиште, познато по прекрасните плажи луксузни хотели и ноќни клубови  во кое летувале многу светски ѕвезди. Сега главно место за трговија со дрога како и целата држава Мексико.

 
3.Maseio, Brazil
Популација: 1.156.278
Убиства: 1.564
Стапка на убиства: 135
Некогаш центар за производство на шеќер и лук, никогаш не успеало да стане привлечна туристичка дестинација заради високата стапка на убиства, главно поврзани со трговија на наркотици.
 
 
2.Siudad Huarez, Meksiko
Популација: 1.335.890
Убиства: 1.974
 
Стапка на Убиства: 147
Овој град е последната станица на дрогата во САД, секогаш е кандида за најсмртоносни градови. Во борбите на нарко-картелите имало повеќе од 6000 жртви, познат е по корумпираните полицајци и политичари
 
 
1. San Pedro Sula, Honduras
Популација: 719.447
Убиства:1.143
Стапка на убиства: 158
Кокаинот што поминува низ овој град носи со себе банди и насилства. Имено, оваа држава со најголема стапка на криминал односно убиства во светот, а овој град е најсмртоносниот град во светот.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Општо е познато дека Јужна и Средна Америка се познати по нарко-картелите и дека животот во нив е навистна опасен. Комбинацијата од организиран кри

Пронајдете не на следниве мрежи: