КупиКнига.мк, најголемата електронска книжарница во Македонија, ги објави десетте најпродавани книги во Македонија во своето петгодишно постоење.На првото место се искачи македонскиот автор Коста Петров со своето дебитантско дело „Се гледаме на врвот “. На второто место е книгата „Ангелски повик “ од секогаш популарниот Гијом Мисо, а третото место припадна на Лиен Мориарти за трилерот „Тајната на сопругот“.
Во продолжение следува листата на топ 10 најпопуларни книги во последните 5 години:
1. Се гледаме на врвот – Коста Петров
2. Ангелски повик – Гијом Мисо
3. Тајната на сопругот – Лиен Мориарти
4. Во врска со онаа ноќ – Џули Џејмс
5. Ако не постои утре – Гијом Мисо
6. Скриена во најмрачниот агол – Елизабет Хејнс
7. Исчезната без трага – Шеви Стивенс
8. Моќта на потсвеста – Џозеф Марфи
9. Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината – Александар Алексов
10. Затоа што те љубам- Гијом Мисо
„Овогодинешниот петти роденден го прославуваме во исто време со саемот на книга кој трае од 04-10-ти април и на нашите читатели им овозможивме многубројни акции и попусти. Сите оние што не се во можност да го посетат саемот на книга ќе можат да ги нарачаат омилените книги преку нашата веб – книжарница, купикнига.мк, и да ги добијат на наведената адреса во земјава и странство. За да ги направиме книгите уште подостапни до читателите, во овој период сите нарачки над 990 ден ќе добијат бесплатна испорака во Македонија.“ – изјави Елена Темелковска, продукт менаџер на КупиКнига.мк
Понудата на КупиКнига брои над 50.000 наслови од сите жанрови на неколку јазици. Нарачките се прават по електронски пат и се испорачуваат во целиот свет.На првото место се искачи македонскиот автор Коста Петров со своето дебитантско дело „Се гледаме на врвот “. На второто место