Топ 20 видови на храна кои може да ги јадете за појадок!-1 дел

Започнете го вашиот ден на правилниот начин… Сите оние кои излегуваат без да појадуваат треба сериозно да размислат што прават…Појадокот е најважниот оброк во денот, кој што ќе ви даде енергија но и ќе го задоволи вашиот апетит и ќе ве спречи да се прејадувате во текот на денот. Треба да се стремите кон појадок со кој ќе ги искомбинирате јагнехидратите и протените. Па за среќа имате многу опции еве некои од нив:
1.Овес
Овесна каша за појадок е одличен избор. Содржи бета-глукан, како и влакна кои што помагаат во намалување на холестеролот. Но богат е и со омега-3 масни киселини, фолна киселина и калиум.
Брзо и лесно се подготвува. Може да го консумирате со млеко и малку мед и на врвот да додадете овошје и ореви.
2.Грчки јогурт
Богат е со калциум и има голем број на протеини односно два пати повеќе од оние што ги има во обичниот јогурт. Изберете обичен грчки јогурт а потоа додадете некој вкус по ваш избор.
3. Житарици
Само две лажици ја обезбедуваат дневната доза на витамини. Одлични се за појадок. Може да ги посипете со јогурт или со млеко по ваш избор.
4.Грејпфрут
Се обидувате да ослебете? Ова е одлично решение, само половина грејпфрут за појадок може да ви помогне.  Богат е со антиоксиданси но и одлично ќе влијае на вашиот имунитет.
5. Банани
Нема ништо подобро од банани за појадок! Особено зелените банани се одлични. Богати со јаглехидрати кои ќе ве наполнат со енергија. Може да го комбинирате и со житарици и овед на тој начин ќе внесете дополнителни шеќери.

 

6.Јајца
До неодамна имаше информации дека лошо влијаат на телото и дека го подигнуваат нивото на холестеролот. Но ние со сигурност може да кажеме дека се одлични за појадок кој е богат со протеини и хранливи материи.
Но зошто ваков пресврт? Затоа што истражувањата покажаа дека холестеролот во нашата храна има помало влијание врз холестеролот во крвта.
7. Путер од бадеми
Одличен алтернативен извор на протеини. Овој путер не може да се спореди со путерот од кикирики затоа што има многу помалку калории. Исто така содржи помалку заситени масти.
8.Лубеница
Најдобар начин за утринска хидратација. Најдобро од се, лубеницата содржи сао 40 калории, па токму затоа е одлична и е на листата со храна со негативни калории, односно помага и во согорувањето на другите калории.
9.Ленено семе
Вашиот појадок ќе го претвори во златен рудник со омега-3 масни киселини. Има вкус на орев и е е богато со растителни влакна и антиоксиданси кои го спречуваат развојот на ракот.
10. Боровинки
Свежи или замрзнати секако се одлилни антиоксиданси. Јадењето боровинки може да ви ја подобри меморијата како и протокот на крв. Исто така соджат помалку калории во однос на сите други видови овошје па може да ви поогнат и кога сте на диета. 
Продолжува на следниот ЛИНКТреба да се стремите кон појадок со кој ќе ги искомбинирате јагнехидратите и протените. Па за среќа имате многу опции еве некои од нив:

Пронајдете не на следниве мрежи: