Моментално на пазарот, достапни за нас,најдобрите три андроид таблети се: Galaxy Nexus 10, Galaxy Note 10.1 и Asus Transformer Infinity. Ќе одделиме кратко време да Ви ги презентираме најдобрите и полошите нивни страниСите од нив имаат различен пристап за работа:
-Galaxy Nexus 10 – само со допир на прсти
-Galaxy Note 10.1 – со прсти и со пенкалце
-Asus Transformer Infinity – со прсти и физичка тастатура
Galaxy Nexus 10
Квалитетот на изградба на Nexus 10. Екранот, всушност, во моментов е најдобар на пазарот. Хардверот (процесорот, графичкиот процесор) се врвни компоненти, исто така. Сепак, користењето на Nexus 10 само со прсти, го прави овој уред ништо повеќе од еден „поголем“ телефон. Можете да пребарувате на интернет, да зумирате или одзумирате 100 пати истите слики, да гледате на филм (ако имате некоја резервна батерија со вас), муабетење со пријатели, итн. Можете да ги направите сите овие неверојатни работи … Ох… не, чекај … не, не можете! Не постои 3G конекција. Значи, ако не сте блиску до некоја Wi-Fi конекција (која што може и да ја направите од вашиот мобилен телефон, секако ако имате 3Г врска), Вие само може да гледате слики, прочитате некоја електронска книга или да слушате музика. Или можете да сурфате на интернет од вашиот таблет седнати дома на каучот со вашиот лаптоп до вас. Јас не знам што е толку кул во прелистувањето на интернет на 10 инчен екран, ако може да го направам тоа на десктоп или лаптопт, како и со целосна тастатура и глувче?
Да се вратам на “hot-spot” . Зошто тоа едноставно нечини? Бидејќи сега наместо една,треба две резервни батерии. Една за вашиот таблет, и една за вашиот мобилен телефон.
Може да се каже дека има многу напредни пенкала за таблет на пазарот кои може да се купат и да ги користите со вашиот Nexus 10. Секако, дека има. Обидете се да се направите некаква забелешка, а вашата рака да лежи на екранот. Не е можно да се напише нешто (барем нешто што може да се прочита) доколку не постои софтвер за заштита од случаен допир (како што Samsung има во Note 10.1). Па, заборавите за користење на пенкало со Nexus 10. Чист Андроид не е подготвен уште за активно пенкалo.
Позитивни страни:
1. Одличен екран (2560 х 1600)
2. Одличен хардвер
3. Одличен дизајн
Негативни страни:
1. Нема 3Г конекција
2. Нема можност за користење на активно пенкалце, така да, уредот е лимитиран само за забава
Samsung Galaxy Note 10.1
Сега … ајде да бидеме искрени. Јас не сум разочаран со овој уред, но исто така, не сум возбуден како што бев кога си купив мојот прв таблет – Asus Eee Pad Transformer TF101. Значи што е погрешно во врска со тоа? Тоа е Samsung дизајн, па се чувствува пластиката. И без разлика колку голема и иновативна оваа пластика ќе биде, се уште се чувствува како пластика. И други таблети се пластични, но кога го одржите Samsung се чувствувате како држи евтини пластични играчки. За жал, тоа е начинот на кој се чувствувам. Но, она што е уште полошо, тоа е крцкавиот дел. Самсунг, ве молам! За таа цена, вие ни давате евтина, бучна пластика? Не велам дека крцка многу, но воопшто не треба да крцка. Друга работа е на екранот. 1280 x 800 е срамна резолуција за 10'1 таблет. Ова не треба да се случува. Квалитетот на екранот е едноставно лош. И нема горила стакло. Патем кажано, S-Pen, премногу делува ефтино.
Кога станува збор за поврзување, Note 10.1 е еден од не-многуте таблети на пазарот со 3G конекција. Значи, ако имате SIM картичка со најмалку 2 GB интернат, тоа е совршеното решение за да имате таблет поврзан цело време. Најдоброто нешто во врска со овој таблет не е S-Пен. Тоа е Samsung софтверот. И верувајте ми – Јас сум HTC фан па не е лесно за мене да кажам дека ми се допаѓа нешто со Samsung софтвер. Но, кога станува збор за користење на пенкало, ова е единствениот таблет на пазарот со такви напредни софтверски апликации за ракопис. Исто така постои и мултитаскинг – можете да имате активни апликации на десктопот и да работите без затворање на другите апликации. Ќе потреа долго да пишувам за сите неверојатни нешта што може да се најдат со користење на овој таблет заедно со S-Pen. Ако сте во потрага за еден таблет која може да се користи не само за забава – Note 10.1 тоа е единствениот вистински избор.
Позитивни страни:
1. Одличен S-Pen
2. Софтвер
3. 3Г Конекција
Негативни страни:
1. Пластичен дизајн
2.Слаба резолуција (1280 х 800)
3.Нема Горила стакло
4.Крцкава изработка
Повеќе на: GSM.mkСите од нив имаат различен пристап за работа:
-Galaxy Nexus 10 – само со до