Можеби се прашувате во кои градови луѓето зимаат највисока плата во светот. Можеби ќе претпоставите дека тоа е некој американски, германски или руски град, но кога ќе ја погледнете оваа листа на топ 5 градови со највисока плата во светот и кога ќе ја споредите со нашата дефинитивно ќе посакате да сте таму.
1. Цирих, Швајцарија
Во овој европски град највисоката плата е 131.1 долар на час. Просечно се работи 8 часа што значи за тие часа се земаат 1048.8 долари. Ако овие износи ги пресметате месечно, платата на еден граѓанин на Цирих изнесува 20.976 долари.
2. Женева, Швајцарија
Женева е еден од најбогатите градови во Европа. Највисоката плата е 123.6 долари на час. Просечно во 8 часа работно време тоа изнесува 988.8 долари, а месечно тоа би изнесувало 19.776 долари.
3. Копенхаген, Данска
Копенхаген се смета за еден од најубавите градови во Европа. Тука жителите заработуваат 123.1 долари од час, за 8 часа работно време тоа изнесува 984.8 долари, а месечно највисоката плата во овој град е 19.696 долари.
4. Осло, Норвешка
Жителите на Осло заработуваат во просек 119.1 долар на час, за 8 часа тоа изнесува 952.8 долари, па според тоа месечната плата изнесува 19.056 долари.
5. Луксембург, Луксембург
Во Луксембург жителите заработуваат околу 105.4 долари на час. За 8 часа тие заработуваат 843.2 долари, а месечно тоа би изнесувало 16.864 долари.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Можеби се прашувате во кои градови луѓето зимаат највисока плата во светот. Можеби ќе претпоставите дека тоа е некој а