Топ 6 навистина чудни причини, поради кои се разведуваат паровите!

Во денешницава се повеќе бракови завршуваат со развод.
Како најчести причини за разводот ги наведуваат финансиските проблеми, неверството и нарушените односи помеѓу партнерите.Сепак постојат и други причини поради кои партнерите се одлучуваат да тргнат секој на своја страна, ова се топ 6 навистина чудни причини: 
1. Вашите пријатели се разведени
 Има периоди во животот кога вашите одлуки се во согласност со животните одлуки на вашите пријатели: Сите се во брак, имаат деца … Некои двојки ги следат овие шеми на однесување, верувајќи дека тие треба да го сторат истото, да тргнат по нивните стапки, бидејќи “сите го прават тоа”. Слична е ситуацијата и кога станува збор за разводите, судејќи според резултатите од студијата објавена во списанието Social Forces.
Дури 75% од испитаниците имале поголема веројатност дека ќе се разведат доколку се разведува некој нивен близок пријател или член на семејството.
2. Првото бебе е ќерка
Паровите на кои првото дете им е девојче имаат поголема веројатност да се разведат од оние кои имаат прво дете син. Невенчаните двојки почесто се одлучуваат за свадба по раѓање на син, покажа една студија спроведена на Универзитетот во Вашингтон.
3. Болест
Една неодамнешна студија објавена во списанието Jurnal of Healt and Social Behaviors, во рамките на „ова истражување“ учествувале речиси 3000 брачни другари на возраст од 50 години и постари, покажало дека веројатноста браковите да завршат со развод, ако на жената и е дијагностициран рак, или пак доживее мозочен удар или има некое срцево заболување е 6%.
Истражувачите како причина за развод поради болест ги наведуваат зголемените финансиски трошоци за лекување, но “неспособноста” на мажите да се грижат за болната сопруга како и за другите обврски кои болеста ги носи.

4. Поделба на домашните обврски 
Овој необичен заклучок е направен врз основа на истражувањето спроведено од страна на норвешките истражувачи. Покажало дека се почесто се разведуваат, паровите кои учествуваат подеднакво учествуваат во домашните обврски, отколку тие што не ги делат подеднакво домашните обврски. Авторот на студијата сугерирал дека причината е тоа што на овој начин се создава еден вид на партнерско-деловни односи кои можат да доведат до незадоволство во врската.
 5. Алкохол
Прекумерното пиење на алкохол обично е честа причина, што доведува до пукање на браковите. Меѓутоа, и ако жената пие повеќе од мажот, најверојатно ќе дојде до истото сценарио. Покажало едно норвешко истражување. Во истражувањеро биле вклучени речиси 20.000 парови и се покажа дека паровите кои не пијат или пијат подеднакво имаат пониска стапка на разводи. Стапка на разводи е драстично зголемен во ситуации кога жената пие повеќе од мажот.
6. Проблеми со тежина
Едно истражување, спроведено во 2013 година на еден портал покажало дека потенките двојки, од нив дури 76% би ставиле крај на бракот. А додека пак најниската стапка на разводи била кај оние кои имале повеќе од 110 килограми.Сепак постојат и други причини поради кои партнерите се одлучуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: