Топ 6 ПОДМОЛНИ знаци кои откриваат автоимуни болести!

Проблеми со видот, болки во зглобовите, забрзана работа на срцето – сѐ се тоа знаци кои откриваат зачетоци на автоимуни болести како што се артритис, мултиплекс склероза…Автоимуните болести се последица од претерана реакција на имунолошкиот систем против сопствените клетки, материи или ткива. Често од нив заболуваат жените, а првите знаци се јавуваат во текот, или непосредно по пубертетот.
Најчести автоимуни болести се дијабетес, Хронова болест, ревматолошки артритис и проблеми со штитната жлезда, а симптомите се суптилни и лесно можат да поминат незабележано, пишува All Women Stalk.
Болките во зглобовите укажуваат на артритис
Премногу активниот имунолошки систем може да предизвика болки во зглобовите. Тој создава антитела кои ја уништуваат коскената обвивка и предизвикуваат незгодни болки. Станува збор за ревматолошки артитис кој ако не се лекува навреме, може да предизвика трајно оштетување на коските.
Воспалителни процеси во бубрезите и белите дробови
Поради зголемената активност на имунолошкиот систем, антителата можат да се задржат на едно место во организмот, како што се бубрезите, нервите и белите дробови. Ако останат предолго, тие се залепуваат за органите и предизвикуваат воспалителни процеси.

Наглото слабеење може да биде последица од воспалителна болест на цревата
Антителата често ги напаѓаат цревата и предизвикуваат проблеми со столицата. Како последица од претераната имунолошка активност се јавува дијареа, крварење, болки во стомакот и неконтролирано губење на килограмите.
Главни облици на воспалителни болести на цревата се Хронова болест и улцерозен колитис. Хроновата болест може да се појави во било кој дел од дигестивниот тракт – од устата до анусот, додека пак улцерозниот колитис ги напаѓа исклучиво дебелото црево и ректумот.
Неправилното функционирање на панкреасот укажува на дијабетес
Имунолошкиот систем произведува антитела кои ги напаѓаат клетките во панкреасот кои се задолжени за производство на инсулин. Тоа ја нарушува работата на панкреасот и го зголемува ризикот од појава на дијабетес со тип 1.
Проблеми со видот можат да бидат знак за појава на мултиплекс склероза
Слабеењето на видот, слепилото и лошата координација на рацете, можат да бидат рани знаци за мултиплекс склероза. Мултиплекс склерозата ги погодува долгите продолжетоци на клетките на невроните, поради што пораките од мозокот не стигнуваат до органите, или пак стигнуваат со задоцнување.
Забрзаниот пулс може да открие проблеми со штитната жлезда
Имунолошкиот систем ја контролира работата на штитната жлезда, па воедно тој е и првиот орган кој страда доколку се појават промени во организмот. Промените во телесната тежина, зголемената нервоза, забрзаната работа на срцето, како и сувата кожа – укажуваат или на намалена, или пак на зголемена работа на штитната жлезда.Автоимуните болести се последица од претерана реакција на имунолошкиот систем против сопствените клетки, материи или ткива. Често од нив заболуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: