Топ десет причини поради кои паровите се караат на одмор

Изборот на ресторан, други жени и мажи, алкохол… Ова се само некои од најчестите причини поради кои паровите се караат додека се на летен одмор.
Иако летниот одмор по правило важи за период во кој луѓето се одмараат и опуштаат, голем дел од паровите успеваат да создадат тензија додека се на плажа. Всушност, проблемите настануваат поради големиот број убавици во бикини и згодни потемнети мажи. Поради погледите по туѓите разголени тела партнерите постојано создаваат љубоморни сцена, а со тоа и проблеми на летувањето. Токму љубомората е најчестата причина за кавги на одморите, покажуваат најновите истражувања.Очигледно е дека кога паровите заминуваат на одмор, мала е веројатноста дека ќе се вратат со идилични спомени од заедничкото патување. Дури 80 отсто од паровите се караат најмалку два пати додека се на плажа, а 60 отсто го прават тоа во поголема мера додека се на одмор, отколку во останатите периоди од годината.
Десетте најчести причини за кавги на одморите се:
1. Мажот гледа во друга жена2. Тој сака одмор исполнет со бројни активности и многу забава, а таа сака мирен одмор со долго лежење на плажа3. Неможноста да се договорат околу изборот на храна4. Еден од партнерите консумира премногу алкохол5. Гледањето во патокази и мапи додека патуваат6. Пакувањето (таа носи премногу работи, а тој премалку)7. Времето што жената го троши во дотерување пред вечерните излегувања8. Износот на потрошени пари9. Стресот поради евентуалното доцнење на аеродром10. Валутата (каде најповолно ќе ги променат парите)
Извор: lady.mkИзборот на ресторан, други жени и мажи, алкохол… Ова се само некои од најчестите причини поради кои парови

Пронајдете не на следниве мрежи: