Топ дизајнери го одбележуваат јубилејот на Mustang со колекција од ограничени изданија

Прославување на 50-годишнината на една икона: Топ дизајнери го одбележуваат јубилејот на Mustang со колекција од ограничени изданијаПет врвни модни дизајнери од целиот свет ќе соработуваат со Ford на колекцијата од ограничени изданија на парчиња облека  Mustang Unleashed, инспирирана од Mustang.
Mustang Unleashed ќе претстави истакнати дизајнери, вклучувајќи ги Ана Су, Паула Кадемартори, Томазо Анфоси и Франческо Ферари од CO|TE, Роган Грегори и Скот Макинли-Хан од Роган, и Памела Лав.
Секој дизајнер ќе ја изрази неговата или нејзината креативност, прикажувајќи ја својата единствена интерпретација на Мустанговиот иконичен стил и карактер со секој дизајн.
Ford Motor Company ја прославува првата колаборација на глобално ниво во историјата на светски познати дизајнери со цел да создаде единствена колекција на модна линија.
На 50-годишнината од дебито на Mustang, модните иноватори, вклучувајќи ги Ана Су, Пола Кадемартори, CO|TE, Роган и Памела Лав, ќе го одбележат јубилејот на иконичниот автомобил преку линија на лимитирани кошули за колекцијата  “Mustang Unleashed“.
Су, чиј роден град е Детроит, вели дека Mustang се адаптирал низ годините на културните промени, но секогаш останал верен на она што го претставува – слобода и страст. “Модата секогаш еволуира и е историски приказ на тоа што се случува во светот“, вели таа. “Како дизајнер, јас сум константно инспирирана од се околу мене, но најважно за мене е да останам верна на својата естетика и идентитет. Mustang го постигна истото.“
Овие пет дизајнери од целиот свет ќе креираат три уникатни кошули инспирирани од Mustang, кои ќе резултираат во колекција од 15 креации. Колекцијата ќе биде произведена од Loomstate, лидер во производството на органска квалитетна облека и ќе бидат достапни насекаде оваа есен.

“Ford Mustang ја прифаќа страста, енергијата, авантурата и слободата, и во соработка со врвни дизајнери, познати по нивниот експресивен идентитет и уметнички дела, правиме спој на модната и автомобилската индустрија, како никогаш досега.” вели Сузан Лампинен, главниот дизајнер за бои и материјали на Ford group. Колекцијата Mustang Unleashed ја слави страста и слободата на Mustang, и неговата инспирација од поп-културата во последните 50 години.
Како предводници на трендот, дизајнерите на Mustang Unleashed го отелотворуваат духот на Mustang. Тие се емотивни, експресивни и “пуштени од ланец” на свој начин, живеејќи и работејќи со чувство на слобода и индивидуален стил. Овие паметни, софистицирани и уверени дизајнери се:
Ана Су: Со потекло од Детроит, Су и Ford Mustang имаат доста заедничко. Нејзината работа лесно го комбинира класичниот стил со актуелните културни норми, надминувајќи епохи за да се создадат вистински оригинали.
Паула Кадемартори: Како дизајнер со италијанско и бразилско потекло, Кадемартори се има преселено во Италија во 2005-та, каде ја усовршува својата незапирлива страст кон модата како и концептот за женска убавина. Таа е прогласена за “дизајнер во подем” од страна на „Вог Италија“. 2010-та беше маркантна година за Кадемартори, таа дебитираше на меѓународната сцена со нејзината прва колекција на чанти креирана за сезоната пролет/лето.
 CO|TE: Основано од страна на Томасо Анфоси и Франческо Ферари, италијанскиот бренд брзо се вивна во светот на модата поради слободното толкување на воспоставените дизајнерски форми од современа гледна точка.
Роган: Основано од страна на Роган Греори и Скот Макинли-Хан, Роган го комбинира експресивниот минимализам и традиционалниот квалитет со цел да креира силна графичка порака. Преку детално истражување, Роган создава иновативни креации инспирирани од страна на интелектуалниот утилитаризам кој ги користи и меша модернизмот и асиметричната конструкција.
Памела Лав: Родена њујорчанка, Лав започна правејќи накит во нејзиниот стан во Бруклин во 2006-та. Од тогаш, таа создаде комплетен производствен погон и дизајнерско студио во текстилната област на Менхетен. Уникатната линија на накит креирана од страна на Лав е посветена на квалитетно и ограничено производство

Прославување на една икона
На 17 Април, овие дизајнери се сретнаа во Емпаер Стејт Билдинг, каде што новиот Mustang Кабриолет беше поставен на 86-от кат во Њујорк, каде се лансираше колекцијата Mustang Unleashed и тие ги открија своите лични инспирации за парчињата облека што ги дизајнирале. Со прикажување на комплетно новиот Мустанг на платформата на едно архитектонско здание се повтори дебито кое Мустанг го имаше на истото место во 1965.
Галантната сензуалност, структурата и современата софистицираност се инспирација за мојот креативен процес од скица до производство на конечниот производ,” изјави Cademartori. “Јас сум особено инспирирана од уникатната игра помеѓу дрската мажественост и елегантните, софистицирани линии.
50 години Mustang
Ford Mustang е најновиот член на еден многу ексклузивен клуб – возила во континуирано производство веќе 50 години. За време на последните пет декади, Mustang достигна светска популарност и стана траен дел од поп-културата, со повеќе од 9,2 милиони продадени возила и повеќе од 3,300 прикажувања во филмови и на ТВ – вклучувајќи го и последното појавување на Mustang на големото платно како главна улога во акциониот филм “Need for Speed”.
Уникатната комбинација на стил, перформанси и достапност кај Mustang овозможија да стане потполно нова класа на спортски автомобил. Денес, најнапредната верзија до сега, се карактеризира  со потполно нов софистициран дизајн и низа нови иновативни технологии и системи за поврзување.Пет врвни модни дизајнери од целиот свет ќе соработуваат со Ford на колекцијата од ограничени изданија на парчиња облека  Mustang Unleashed, и

Пронајдете не на следниве мрежи: