ТОПЛА ВОДА наутро на празен стомак за вашето здравје!

Многумина од вас чуле дека пиењето топла вода наутро на празен стомак има многу здравствени предности. Бројни луѓе го започнуваат денот со шолја кафе или чај, но ако ја примените оваа рутина и почнете да пиете млака вода, вашето тело ќе ви биде повеќе од благодарно.Доколку не ви се допаѓа вкусот, можете да исцедите еден лимон и да го додадете сокот од лимон во водата. Со консумирањето на топла вода посебно на празен желудник наутроможе значајно да се подобри вашето здравје бидејќи поттикнува елиминација на медаболичкиот отпад и помага при варењето.
Освен тоа оваа навика има и други предности:
Ги прочистува органите за варање
Шолја топла вода наутро може да ви помогне да го прочистите телото од токсини. Водата и другите течности помагаат во разградувањето на храната во желудникот и го одржуваат дигестивниот тракт. Топлата вода ќе ја разложи храната побрзо, а со тоа ќе го олесни варењето. Конзумирањето ладна вода во текот, или по оброкот, ги згуснува мастите во храната и така создава масни наслаги во цревата. За среќа, можете да ја замените ладната вода со топла и може да го потпомогнете варењето, особено после оброкот.
Ја забрзува работата на цревата
Грчевите и надуеноста кои повремено ги чувствуваме се предизвикани од недостаток на вода во организмот. Една чаша топла вода на празен стомак, ќе ја забрза работата на цревата и ќе му помогне на телото да профункционира нормално.

 
Ги ублажува болките
Се верува дека топлата вода е најмоќниот природен лек а може да ја ублажи болката при менструалните болки. Топлината ќе ги опушти мускулите и ќе ве ослободи од грчевите, со што ќе се смири болката. Топлата вода е добра за сите видови на грчеви и затоа што ја зголемува циркулацијата.
Ви помага во намалување на килограмите
Топлата вода ја зголемува температурата на телото и со тоа го забрзува метаболизмот. На тој начин се согоруваат и повеќе калории. Исто така благотворно ќе влијае и на бубрезите.
Го забавува стареењето
Присуството на токсини во организмот го забрзуваат стареењето а бидејќи топлата вода го ослободува телото од токсини, процесот на стареење се забавува а еластичноста на кожата се зголемува.Доколку не ви се допаѓа вкусот, можете да исцедите еден лимон и да го додадете сокот од лимон во водата. Со консумирањето на топла вода посебно на

Пронајдете не на следниве мрежи: