Зимските температури околу десет степени Целзиусови кои годинава се карактеристични за зимата во Чешка, за 50 години може да бидат нормални температури во овој период, тврди климатологот Томаш Халенка од Факултетот за математика и физика на Карловиот универзитет во Прага.Иако, според него е рано да се коментираат невообичаените пролетни температури кои деновиве се бележат во Чешка, тој припомнува на неодамнешното предвидување на Меѓународниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) дека Европа и поголемиот дел од светот кон крајот на овој век ги чека топло и екстремно време.
Сепак, можно е Европа идниот месец да ја зафатат ниски температури и зимата во просек да биде како и изминатите, пренесува дописникот на МИА од Прага.
Актуелните високи температури, според Халенка, се резултат на циркулацијата на воздухот, каде преовладува струење на топол воздух од запад кон југозапад под влијание на невообичан антициклон над Медитеранот.Иако, според него е рано да се коментираат невообичаените пролетни температури кои деновиве се бележат во Чешка, тој припомнува на