Топузова: Јанева да каже каде ги потрошени парите

За специјалната обвинителка Катица Јанева и она што деновиве се случуваше во собранието, гостин во вестите на ТВ Нова беше независната пратеничка Роза Топузова која ја искритикува работата на Јанева и она што таа го презентираше пред пратениците.„Имав можеби повеќе недоразбирања со Јанева. Сметам дека во интерес на секој е таа да  дава одговори на прашањата на пратениците. Кога беше формирано СЈО, граѓаните го дочекаа како светла точка во еден корумпиран систем и конечно решение за политичката криза. Токму сега таа требаше со конкретни одговори да го оправда постоењето на СЈО и довербата од граѓаните – ова беше моментот“, истакна Топузова, според која Јанева до овој момент не успева да го оправда она што се очекуваше од неа.
„Кога требаше да го поднесе првиот извештај до собранието Јанева не дојде, затоа што не го призна легитимитетот на собранието. Што се промени во меѓувреме,  зошто сега се појави во законодавниот дом? Сепак, наместо да одговори на прашањата на пратениците, таа почна да одговара со прашања. Тоа не се случило досега. Некој што дошол да одговара, да прашува. Тоа и кај мене предизвика револт“, објаснува Топузова.
Пратеничката зборуваше и за финансискиот извештај што Јанева не сака да го поднесе пред пратениците.
„Каде и зошто ги има потрошено парите? Во извештајот стои дека се доделени 4 милиони на СЈО, од нив 28 проценти се реализирани. Прашав кога ќе се реализираат останатите и за што биле потрошени 28 проценти во оваа третина? Не добивме конкретни информации – не само ние пратениците, туку и граѓаните. Сите што сме на јавна функција ги трошиме парите на граѓаните и мора да поднесеме извештај, ништо друго не побарав освен објаснување на овие прашања. Добивме дециден одговор дека нема намера да достави финансиски извештај до собранието“, вели Топузова.
Како што рече, Катица беше избрана поради транспарентсноста, да каже што се случува со политичката криза, но и да каже кој и зошто прислушкувал, кој вршел криминал.
„Јас не се сомневам дека парите биле транспарентно потрошени, но сакав да видам конкретен извештај. Јас не сум против СЈО, сметам дека треба да постои ова обвинителство, но кој и како работи според мене е многу важно“, заклучи Топузова.„Имав можеби повеќе недоразбирања со Јанева. Сметам дека во интерес на секој е таа да  дава одговори на прашањата на пратениците. Кога б

Пронајдете не на следниве мрежи: