Со нов, најсовремен апарат, вреден 110.000 евра, кој ќе ги минимизира инвазивните интервенции на белите дробови, е заменет апаратот на Клиниката за торакална хирургија кој беше стар 20-на години.Новиот апарат ќе овозможи правење мали резови, како и брзо заздравување на пациентите.
За почеток со апаратот ќе работат двајца хирурзи, а предвидени се по три зафати неделно. Но, оваа бројка постепено ќе се зголемува.
-Со набавката на неколку апарати во континуитет, Торакалната клиника достигна сериозно повисоко ниво на квалитет. Имаме одличен, добро едуциран и мотивиран кадар, а буџетот е во пораст и овозможува нормално функционирање на оваа здравствена установа, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Според директорот на Клиниката д-р Зоран Спировски, новиот апарат ќе третира главно бенигни тумори на белите дробови, ехинококови цисти, пнеумоторкас предизвикан од прскање на белиот дроб, гнојни воспаленија, а ќе се користи и за малигни заболувања откриени во порана фаза.
– Се работи за последен збор на медицинската техника, за минимум инвазивна хирургија на градниот кош. Апаратот е со извонредна оптика, а бенефитот е што со помали интервенции ќе се прават сите процедури што досега се правеа со отворање на градниот кош. Тоа ќе го намали бројот на денови на лежење во болница, потрошувачката на антибиотици и на други материјали, истакна Спировски.
Се очекува за кратко време се’ она што е вложено во апаратот, да се надомести. Исто така сите лекари од Торакална хирургија ќе имаат можност да работат со новиот апарат, откако претходно ќе се обучат.Новиот апарат ќе овозможи правење мали резови, како и брзо заздравување на пациентите.
За почеток со апаратот ќе работат двајца хирурзи, а