Навивачката група на сплитски Хајдук, популарната „Торцида“, за „Пулс24“ пренесува дека сепак ќе биде дел од натпреварот меѓу Турново и Хајдук што ќе се одигра во Скопје.
„Како и на секој натпревар, Хајдук ќе ја има поддршката од Торцида. За жал, не знаеме точно колку навивачи ќе дојдат во Скопје“ стои во официјалното соопштение од навивачката група „Торцида“ за „Пулс24“.
Според информациите, УЕФА и официјално им забрани на навивачите на Хајдук да бидат дел од натпреварот во Скопје, известувајќи го нашиот претставник во Лига Европа, дека нема нема право да продава влезници на „Торцида“.
Соопштението од УЕФА беше испратено до обата тима.
Натпреварот меѓу екипите на Турново и Хајдук во рамките од второто квалификациско коло за Лига Европа, се игра во четврток со почеток од 17,45 часот. Хајдук по првиот натпревар има позитивен резултат од 2-1.Навивачката група на сплитски Хајдук, популарната „Торцида“, за „Пулс24“ пренесува дека сепак