Подгответе превкусна торта со бисквити!Потребно е:
250 гр маргарин или путер 250 гр шеќер во прав 1 пакетче ванилин шеќер 3 реда чоколадо за готвење 4 јајца 5 лажици шеќер 5 лажици брашно 0,5 литар млеко
Начин на подготовка:
Во сад се мати маргариот со шекерот во прав. Маргаринот ( или путерот) најдобро е да е на собна температура за да може да се измати подобро. Откако ќе се добие хомогена смеса се додава ванилин шекер и искршени 3 реда чоколадо за готвење. Во тенџере се вари крем од 4 жолчки, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно и половина литар млеко. Се вари на тивко со постојано мешање за да не се направат грутчиња. Кога ќе се згусне, филот се трга на страна и се остава да се излади. Во изладен фил се додава претходно изматениот маргарин или путер и се меша да се добие еднаква маса. Во плех се редат бисквити претходно натопени во млако млеко. И се реди Ред бисквити, ред фил, ред бисквити ред фил со тоа што се завршува со фил одозгора. Тортата може да се посипа со ореви сецкани, или со шлаг направен од белките кои останале при правење на филот.Потребно е:
250 гр маргарин или путер 250 гр шеќер во прав 1 пакетче ванилин шеќер 3 реда чоколадо за го