И слуша… и гледа… и се чуди!Не сум многу мераклија да се восхитувам на туѓи предвидувања кажани во минатото и демек сега исполнети, оти горе-долу ги толкувам како случајност, ама ова ме намовна, уште како да ме држи.
После загубата на Тоше Проески ни останаа само неговите песни и по некоја негова мисла и сите добродетели кои ги интерпретираше. За едно негово „пророштво“ имаме чувство дека се остварува “За Македонија ќе слушне целиот свет!”… Балканот веќе ни се восхитува, а Европа се парализира од нашите успеси.
Факт е дека ние сме си пристрасни и секогаш си наддаваме вредност на секој наш најмал успех, но овој пат не се работи за тоа, овој пат оставаме да ни се восхитува Европа ние само гледаме.
Ќе ги прескокнам оние, ако можам да ги наречам позастарени, поизбледени настани, кои ни ја одбележаа Македонија како 4то пласирана на Евробаскетот во кошарка и како 5то пласирана на Европското ракометно првенство.
Но еве, тоа ќе го оставиме во архива, ќе преминеме на актуелното.
Пред една недела, Балканот едногласно се сложи дека Македонија раѓа таленти, па така на Даниел Кајмакоски „капа му симнаа“ мажите од цел Балкан, а жените од половина Балкан „сакаа да се омажат за него“. Пред некој ден слета на Скопскиот аеродром, арно што не слета на Охридскиот, некое хистерично девојче ќе е удавеше во езерото. Хистерии, солзи, насмевки, како Даниел да е 20 години ѕвезда. Така и треба, да си го почитуваме тоа што е вредно, музиката и спортот се најдобри амбасадори на една змеја. Тој го наметна нашето знаме.
Но, како да не е беше доволен Балканот.
Вчера најавив нешто, како да претчувствував дека ќе излезе нешто големо, еве, ОВА го најавив, но се шегувам, не претчувствував само се надевав.
Што да кажам, се кажаа медиумите, сите разбраа, од Москва до Лисабон, Металург и Вардар „ги растурија големциве“. Европските медиуми се чудеа, а балканските медиуми ни се заблагодарија за тоа што ја одбранивме честа на Балканскиот ракомет. Во топ 8 екипи, 2 се Македонски, само Германците има 2 екипи, рамо до рамо со нас (да подзинеш).
Пак ќе повторам, спортот и музиката се најголем амбасадор на една земја. Нека продолжи да се исполнува „пророштвото“ на Тоше, над се што е македонско или има македонски корени.
Г. АнгелескиНе сум многу мераклија да се восхитувам на туѓи предвидувања кажани во минатото и демек сега исполнети, оти горе-долу ги толкувам како случајност,