Тотален хаос: Убиени 30 воени регрути!

Припадници од украинската екстремистичка група Десен сектор убија 30 воени регрути, кои го положиле оружјето за да го заштитат цивилното население во украинската Лугањска област, јави ИТАР-ТАСС…Во повеќе судири меѓу украиснката војската и порруските сепаратисити во Лугањск засега е потврдено и дека се ранети 32 лица.
Портпаролот на силите на самопрогласената „Лугањска Народна Република“, Остап Черни изјави дека инцидентот со воените регрути се случил вчера за време на разговорите меѓу сепаратистичката т.н. „народна милиција“ и владините сили во градот Привоље.
– Во четвртокот слушнавме во Лисичанск дека војската се обидува да го освои градот. Испратив група за преговори. Колона од украинската Национална гарда беше блокирана одзади, вклучувајќи жени и деца. Додека траеја преговорите се слушаа пукотници и седум членови на народната милиција на Лугањск беа убиени, а 16 беа ранети, информира Черни.

 
Тој истакна дека 30 припадници на украинската армија го положиле оружјето за да ги одбранат цивилите, по што  екстремистите од Десниот сектор сите ги убиле.
– Мажите беа на отворено и никој не се криеше, кога беа испукани смртоносните куршуми, а тогаш следеа пукотници, кои траеа околу половина час и минофрлачки гранати, а голем брј куќи беа во пламен, изјави Черни.
Според него 11 оклопни возила на Украинската национална гарда учествуваа во тие судири.
– Ние заробивме еден командат од возилата. Тој остана незаштитен од своите сопствени сили, рече Черни.
Украинската војска вчера, најверојатно по грешка, отворила оган кон своите сили кои се враќале во близина на градот Рубежноје, во регионот на Луганск и уби четворица војници и рани уште 16, изјави воениот лекар Генади Моралишвили.
Тој истакна дека цивилите прво ја блокирале украинската воена единица на патот кон Рубежноје и оти војската била подготвена да се предаде и се согласила да го положи оружјето.Во повеќе судири меѓу украиснката војската и порруските сепаратисити во Лугањск засега е потврдено и дека се ранети 32 лица.

Пронајдете не на следниве мрежи: