ТОТАЛНО НЕВООБИЧАЕНО СЕМЕЈСТВО: Децата добиле уште по еден татко и една мајка

Само затоа што семејството минало низ развод, не мора да значи дека не може да биде повторно заедно. Токму за тоа зборува и  најновото видео, кое е направено со цел на кревање на свеста во семејствата кои остануваат заедно и по разводот, па дури и доколку поранешните партнери повторно се омажат/оженат. Во видеото се запознаваме со малиот Ајзак кој има два пара родители.„Понекогаш е тешко да им се објасни на луѓето како функционира нашето семејство“, вели малиот Ајзак.
Неговие родители се развеле, и продолжиле со своите животи.
„Мама повторно се омажи, а тато најде нова жена. Но, тие и понатаму се мои родители, само што сега имам уште една мама и уште еден тато“, вели момчето.
Тој вели дека има две мајки, а новата сопруга на неговиот татко вели дека никогаш нема да заборави кога Ајзак ја нарекол „мама“.
„Никогаш не мислев дека некогаш ќе се разведам,но ете се случи. Се соочувате со болката и со тоа што се кршите, а потоа некако продолжувате“, вели неговиот татко.

 
Оваа кампања, која ја смислила компанијата „Honey Maid“, за да ги промовира ваквите семејства, кои немаат многу простор во медиумите, како и сосема нормалните, тврди дека повеќе од 40 % од семејствата во Америка на еден или на друг начин се во ваква ситуација.
„Единствената разлика помеѓу семејствата е во тоа што очувот има црна коса, а тато кафена“, вели малиот Ајзак.
Оваа кампања допрела до срцата на многумина, бидејќи е вистина дека се повеќе парови се соочуваат со развод. Но, тоа не мора да значи и распад на семејството.
„Понекогаш е тешко да им се објасни на луѓето како функционира нашето семејство“, вели малиот Ајзак.
Неговие родители се развел

Пронајдете не на следниве мрежи: