На почетокот од актуелната сезона Тотенхем не успеа во своите редови да го доведе одличниот бразилски интернационалец од редовите на Шахтјор, Вилијан, фудбалер кој мошне добро котира на трансфер-пазарот.
За Тотенхем тогаш беше премногу да плати оштета од 25 милиони евра, но според новите информации кои ги пренесуваат дел од англиските медиуми, но и руски медиуми, се вели дека 24-годишниот фудбалер сега е премногу близу до Тотенхем, и цената би можела да биде околу 20 милиони евра.
Вилијан имаше одлична полу-сезона зад себе, а инаку многумина потврдуваат дека овој играч е со сигурност најквалитетниот Бразилец од многуте Бразилци во украинската фудбалска лига.
Таа бразилска колонија неодамна се прошири со оглед на фактот што Шахтјор во своите редови го доведе 24-годишниот Таисон, Бразилец кој претходно играше за Металист од Харкив. Сега за Шахтјор ќе биде мошне лесно да се ослободи од Вилијан со кои имаат проблеми, бидејќи ја наруши клубската дисциплина, задоцни на подготовките.
Инаку, Вилијан има договор со Шахтјор уште година дена, па клубот дефинитивно е подготвен да во скоро време го продаде за заработката да биде поголема. Тренерот на Тотенхем, Вилаш Боаш постојано им посочувал на челниците на премиерлигашот да го доведат Вилијан.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.На почетокот од актуелната сезона Тотенхем не успеа во своите редови да го доведе одличниот бразилски интернационалец