Tour of Croatia во живо на Еуроспорт 2

Трката трае од 19 до 24 априлВелосипедската трка „Tour of Croatia“ се состои од шест етапи на преку 1000 километри, со старт во Осиек и големо финале во Загреб. Некои од најголемите имиња ќе се придружат на овогодишната трка. Второто издание на трката ќе угости 5 екипи од World Tour. Ќе може да ги проследиме и велосипедистите од тимовите Astana, Dimension Data, IAM Cycling, Tinkoff и Trek Segafredо. Ним ќе им се приклучат и 7 Про Континентални и 9 Континентални тимови.
Минатогодишното издание на трката го обележи инаугурацискиот победник Мациеј Патерски. Полјакот од ЦЦЦ го следеа Словенците Примож Роглич и Силвестер Шмуд. Победувајќи во две етапни трки, Патерски им пресуди на момците во сино-зелени дресови.
Првата етапа на трката има 235.1 км и се вози од Осиек до Вараждин. Во среда и четврток, етапите кои завршуваат во Сплит и Шибеник ќе бидат пренесувано во живо во 14:30 часот. Четвртата етапа започнува во петок во 14 часот, а снимка на саботната борба меѓу тимовите од 40.3 км ќе се пренесува на Еуроспорт 2 во недела од 10 часот.
Трката завршува во недела во Загреб, а снимката ќе биде прикажана исто на Еуроспорт 2 во понеделник во 06:30.
Преносот во живо започнува денес од 14:30 на Еуроспорт 2Велосипедската трка „Tour of Croatia“ се состои од шест етапи на преку 1000 километри, со старт во Осиек и големо финале во Загреб

Пронајдете не на следниве мрежи: