„Траекторија“ е апсурден и политички монтиран случај

Еден од случаите каде се прави политичка хајка е и „Траекторија“ односно изградбата на автопатиштата. Овој случај кој е типично политички, со цел манипулација и девлавирање на проект кој е капитален за Република Македонија. СДС е единствената партија во светот која е насочена кон кочење, манипулација и вулгаризирање на капитални проекти за државата, изјави денеска пред СЈО Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.Што се однесува случајот за изградба на автопатиштата се работи за постапка која е чисто законска и обавена низ транспарентна процедура. Со цел да се заштеди, се обезбеди евтин кредит од кинеската влада со само 2 осто камата. За споредба другите банки даваа со над 8 осто камата. Меѓу другото, целокупната постапка се спроведе врз основа на закон донесен во Собранието кој го подржаа СДС и ДУИ. Се обезбеди и конкуренција при што меѓусебно надаваа две кинески фирми за градба на патиштата со што цената за изведба е и законска и се оствари дополнителна заштеда за државата. Делото за кое се обвинува Груевски е смешно и парадоксално, тоа е остварување на награда. Да биде апсурдот поголем, СЈО/СДС таа награда не ја гледа во форма на поткуп, како што преку манипулација на одредени медиуми се сака да се стекне впечаток, туку во форма на изразен рејтинг поради реализацијата на овој проект корисен за сите граѓани. Ова е правен апсурд и ова ќе се изучува за класична политичка монтажа и инквизиција од орган кој наместо правно да делува дејствува како политичка алатка, рече Костовски.
Како што минува времето, нагласи тој, така на површина се повеќе ќе излегува непрофесионалното, незаконско и необјективно постапување на СЈО.
-Од ден на ден се гледа дека на СЈО не му биле важни ниту правдата, ниту вистината. На Катица Јанева и било важно само да ги исполни наредбите на Зоран Заев кој и на митинзи пред една година најавуваше дека „обвиненија ќе имало и притвори ќе имало“. Судовите мора да го задржат својот интегритет, да работат исклучиво врз основа на закон и докази и да не подлегнат на ваквите политички притисоци, рече Костовски.
 Што се однесува случајот за изградба на автопатиштата се работи за постапка која е чисто законска и обавена низ транспарентна процедура. Со цел да

Пронајдете не на следниве мрежи: