Трагедија: Цело семејство се отруло од гас од расипан компир во куќата

Малата Марија Челишева остана сираче откако нејзиниот татко , мајка, брат и баба починаа од отровот што го испуштил расипан, иструлен компир во нивниот подрум. Марија (8) од градот Лишево во Русија единствена преживеа, но доживеала шок бидејќи таа ги пронашла телата на своите родители, братот и бабата.
Таткото, Мајкл Челишев (42) , професор по право, прв се симнал во подрумот од семејната куќа , не знаејќи дека компирите кои ги чувале како залиха се веќе сериозно изгниени  и создале висока концентрација на токсини glikoalkaloid . Тој се онесвестил од гасовите кои ги испуштиле компирите, паднал и набргу починал.
Затоа што Мајкл не се вратил во куќата, во подрумот се симнала да види што се случува и неговата сопруга Анастасија (38). Сепак, таа дури и не успеала да го запали светлото веднаш се струполила и починала . Како татко и мајка не се појавиле долго време , нивниот син Георги (18) се симнал во подрумот. За жал, тој ја доживеал истата трагична судбина како своите родители.

Бабата на малата Марија, мајка на Анастасија – Ираида ( 68 ), се посомневала дека нешто чудно се случува и го повикала соседот на помош, но пред тој да пристигне и таа тргнала накај подрумот. И таа паднала, но за разлика од другите бабата кога влегла во подрумот ја оставила вратата отворена и отровниот гас почнал да се шири низ куќата и да се разредува. Малата Марија ја довикувала својата баба но откако немало одговор и таа се симнала – останала жива само благодарение на фактот што бабата ја оставила вратата од подрумот отворена, па отровот не бил доволно јак да ја зашемети и малата Марија. Кога се симнала ги видела телата на целото свое семејство. Тогаш пристигнал и соседот, ја згрижил малата Марија и повикал полиција.
– Сите се задушиле од смртоносниот гас што се емитирал од скапаните компири – изјавиле од локалната полиција.
Марија е сместена кај роднини , а цела Русија собира пари за да му помогне на девојчето.
Токсичен glikoalkaloid
♦ компирите содржат токсини glikoalkaloid , од кои најопасните solanine и kaconin
♦ може да се најде и  во други растенија, како што се доматите , модриот патлиџан и тутун
♦ glikoalkaloid влијае на нервниот систем и предизвикува слабост и конфузија
♦ распаднати растенија или храна испуштаат зголемена концентрацијата на токсини и може да бидат фатални за луѓето
♦ glikoalkaloid има концентриран во диви компири кои исто така предизвика труење кај луѓето
♦ готвењето, делумно ги уништува токсични материи во компирите
Извор: МKDnews  Марија (8) од градот Лишево во Русија единствена преживеа, но доживеала шок бидејќи таа ги пронашла телата на св

Пронајдете не на следниве мрежи: