ТРАГЕДИЈА: ИСИС уби 11 членови од семејството на таткото на удавеното детенце!

Сириецот Абдулах Курди, таткото на удавеното детенце чија фотографија стана симбол за страдањето на бегалците, вчера во Кобане ги погреба синовите Ајлан (3) и Галип (5), сопругата Рехан (35), кои страдале во морето недалеку од Бодрум.При враќањето во родниот град од кој пред три месеци со најмилите тргнал кон Европа, дознал дека џихадистите на Исламската држава во јуни убиле дури 11 членови од неговото семејство.
На погребот присуствувале голем број луѓе кои им оддадле почит на настраданите деца, но и се обиделе да го утешат нивниот татко Абдулах.
„Како татко кој си ги изгуби децата, не сакам за себе ништо повеќе на овој свет. За ова што се случи не обвинувам никого друг освен себе самиот. Цел живот ќе ја плаќам цената. Сакав да дојдеме во Европа само заради децата. Сега кога повеќе ги нема, сакам да останам овде во Кобане за да легнам на крај покрај нив“ – рекол Курди.
Тима Курди, тетката на удавените сириски момчиња, се надевала дека нејзиниот брат и семејството ќе се спасат во Европа.
„Пред недела дена се слушнав со нив преку телефон. Рехан ми рече дека многу се плаши од водата бидејќи не знае да плива“ – раскажала таа.
Како што објаснила, таа му препорачала на нејзиниот брат да не се враќа во Кобане, но тој не ја послушал.При враќањето во родниот град од кој пред три месеци со најмилите тргнал кон Европа, дознал дека џихадистите на Исламската држава во јуни убиле дур

Пронајдете не на следниве мрежи: