Уште една страотна сообраќајка ја потресе Србија. Младо момче сакајќи да прослави бидејќи добило значителна сума на пари во кладилница, наместо да се радува, заминало во смрт.Според податоците на српскиот Курир, се работи за 22-годишниот Марко Милановиќ кој загинал во страшна сообраќајна несреќа кога се враќал со другарите од журкање за парите кои ги фатил во кладилница. Тој се судрил со друго возило кај Крушевац, и за жал починал на лице место, додека двајца другари кои биле со него во автомобилот се тешко повредени.
Пријателите отишле во кафеана да ја прослават добивката, по што со два автомобили тргнале кон дома. Се претпоставува дека момчињата кои пиеле се тркале, па Марко загубил контрола и удрил во бандера, што било фатално за него. Потоа, од позади во него удрил и неговиот другар кој бил во другото возило.
Семејството на Марко е во црно.
– Ми отиде синот, не можам да верувам, вели таткото низ болка.
Останатите момчиња се борат за живот.Според податоците на српскиот Курир, се работи за 22-годишниот Марко Милановиќ кој загинал во страшна сообраќајна несреќа кога се враќал со другари