Трагедија ја потресе Македонија. Во 20 часот и 45 минути жена загинала кај Мала Речица откако според податоците на полицијата, автомобил во кој биле маж, жена и нивното десетгодишно детенце, удрил во два коњи кои се движеле на автопат. Жената им подлегнала на повредите. Во сообраќајката и детето се здобило со повреди.Според податоците на Дневник, се работи за 38-годишнат Ганимете Р. од Мала Речица која за жал им подлегна на повредите. Таа со својот сопруг, 42-годишниот Ќ.Р. кој го управувал автомобилот марка “Цитроен Ц5” и детето била во возилото кое изгубило контрола кога пред нив се појавиле три коњи. Сопругот ги видел во последен момент. Жената која седела на предното седиште била тешко повредена. По несреќата сопругот веднаш застанал два автомобила кои ја пренеле во болница, но за жал им подлегнала на повредите.
Полицијата засега не знае кој е сопственикот на коњите кои ја предизвикаа големата трагедија во која десетгодишно дете остана без мајка.
Несреќата се случи на автопатот Тетово-Гостивар и ја потресе Македонија.
За среќа, детето кое се здоби со повреди е во добра состојба, пуштено на домашно лекување.Според податоците на Дневник, се работи за 38-годишнат