Тинејџер од Авганистан бил уапсен завчера поради силување и убиство на 19-годишната Марија Ладенбургер кон средината на октомври во германскиот град Фрајбург.Германските медиуми пишуваат дека жртвата е ќерка на високорангиран европски службеник и втора девојка од тој град кој била брутално убиена и силувана пред два месеци.Нејзиното тело било пронајдено во Фрајбург, во близина на границата со Швајцарија кон средината на октомври. 19-годишната Марија, студентка по медицина, била силувана, а потоа удавена, по што нејзиното тело било фрлено во реката Драјзам.”Се враќала од забава во два и пол часот наутро. Како и обично, дома одела со велосипед. Била жртва на напад и сексуално насилство”, соопштил Давид Милер од германската полиција.
На местото на злосторството биле пронајдени долги машки црни влакна делумно исфарбани во сино и црн шал кој Марија го носела таа вечер. Трагите од ДНК кои биле пронајдени на нејзината коса и шалот не се поклопувале со ниеден примерок кој германската полиција го имала во својата база. Тогаш инспекторите ги прегледале надзорните камери во околината на местото каде што било пронајдено нејзиното тело.На снимките од надзорните камери од трамвајот, полицијата забележала мигрант за кој е наведено дека “имал многу специфична фризура и долга коса делумно исфарбана во сино”.
Медиумите во Германија пишуваат дека несреќната девојка е ќерка на високиот европски службеник Клеменс Ладербургер, помошник на генералниот директор на правната служба на Европската комисија. Тинејџерот од Авганистан бил приведен во петокот, по што го признал убиството, а судењето би требало да почне на почетокот на идната година.Полицијата моментално се обидува да утврди дали мигрантот кој го признал убиството е одговорен и за убиството на уште една девојка. Станува збор за 27-годишната Каролин Г., која била силувана, а потоа убиена додека џогирала во близина на градот. На местото на злосторството немало траги од ДНК.Германските медиуми пишуваат дека жртвата е ќерка на високорангиран европски службеник и втора девојка од тој град кој била брутално убиена и силув