Навивач на Северна Ирска, е првата жртва на Европското фудбалско првенство во Франција.Станува збор за 24-годишен навивач на Северна Ирска кој синоќа пристигнал во Ница на натпреварот на неговата репрезентација против Полска.
Според информациите на француската полиција, момчето паднало од височина од 7-8 метри, од скеле за бродови. Тој бил под дејство на алкохол и се превртел преку оградата, а при падот, со главата удрил во карпите на плажата.
Полицијата ги демантира медиумски шпекулации дека смртта на навивачот е поврзана со безредијата пред натпреварот меѓу Северна Ирска и Полска. Пред натпреварот се случија масовни тепачки меѓу полските, локалните и северноирските навивачи, во кои имаше седуммина повредени.
Според локалните медиуми, околу триесетина локални навивачи нападнале гости од Северна Ирска, гаѓајќи ги со шишиња, на што вторите одговориле со иста мерка.Станува збор за 24-годишен навивач на Северна Ирска кој синоќа пристигнал во Ница на натпреварот на неговата репрезентација против Полска.