Четири лица се повредени во тешка сообраќајна незгода меѓу две патнички возила што попладнево околу 14 часот и 40 минути, се случила на патот Охрид- Кичево, во близина на селото Издеглавје, општина Дебарца. Четирите повредени лица, од кои едно со тешки телесни повреди, биле итно пренесени во болницата „Св. Еразмо“.Неофицијално, едно од лицата им подлегнало на повредите.
Поради несреќата, извесен период имало застој во сообраќајот на овој патен правец при што возилата се пропуштале наизменично.
Се очекува набрзо СВР Охрид да објави и подетални информации за причините кои довеле до оваа тешка сообраќајна незгода.Неофицијално, едно од лицата им подлегнало на повредите.
Поради несреќата, извесен период имало застој во сообраќајот на овој патен правец