Домингос Монтагнер, еден од омилените актери на бразилската публика, почина давејќи се во река, каде со екипата снимал сцени за популарна бразилска сапуница.Педесет и четиригодишниот актер ја играл главната улога во серијата „Celho Chico”, наречена по реката во која се удавил.
Монтагнер влегол да плива во реката со колешката Камила Питанга, откако снимале цел ден, а актерката вели дека го одвлекле силните речни струи.
Камила врескала и барала помош, но локалното население не реагирало веднаш бидејќи мислеле дека станува збор за глума и дека двајцата снимале сцена.
Четири часа подоцна, спасувачите го извлекле телото на актерот од водата, на околу 300 метри подалеку од местото на кое се удавил.
Во оваа латино серија, Монтагнер игра фармер кој се бори против локалните разбојници. Во една епизода бил застрелан неколку пати, по што наводно потонал во истата река во која актерот го загубил животот. Во серијата, неговиот лик заздравува по неколку седмици.
„Мислеле дека одбрале безбедно место за пливање, но всушност тоа е едно од најопасните подрачја, кое локалното население обично го избегнува“, велат од полицијата.
Медиумите пишуваат дека во градот Каниндо, каде се случила несреќата, секоја година од 2005. година во просек животот го губи по едно лице.
Монтагнер е роден во Сао Паоло и работел во циркус пред во 2008. да стане телевизиски актер. Неговиот последен филм „Un Namorado Para Minha Mulher“, бил објавен пред две седмици.
Зад себе ја оставил својата сопруга Лусијана Лима, со која имаат три деца.Педесет и четиригодишниот актер ја играл главната улога во серијата „Celho Chico”, наречена по реката во која се удавил.
М