По колебањето да се учествува на избори или не, Демократски сојуз одлучи да не учествува на изборите закажани за 5. јуни.Во соопштението испратено до јавноста, беше елаборирано следното:
„Без одговорност за креаторите на кризата, прочистен избирачки список, реформи во медиумите, судскиот систем и без одвојување на владејачката партија од државата, нема услови за фер, демократски и кредибилни избори.“
Од приложеното јасно се гледа дека ДС е во коалиција со СДСМ, бидејќи успешно во една реченица се демантираа во повеќе наврати. Во барањето виновници за кризата, лидерот на ДС Павле Трајанов, како да подзаборави кој почна да „фрла бомби“ за да тргне кон дестабилизација на земјата.
Уште од започнувањето на преговорите за Пржинскиот договор, ВМРО-ДПМНЕ секогаш транпарентно и одговорно ги исполнуваше зададените задачи со цел што е можно побрзо да се реши кризата и земјата да се врати на вистинскиот пат.
ВМРО-ДПМНЕ на последите избори ја придоби довербата на граѓаните и оствари убедливата победа. Една партија со долга традиција и историски начела, денес трпи удари од фантомски партии кои едвај собираат по 1000 луѓе на митинг.
ДС е таква партија. Во политичките кругови за оваа партија стои дека е фиктивна и без членство и дека истата веќе 15 години се шлепа на поголемите. Но, конечно е дојдено време да исчезне од политичката сцена.
Како што се бараат невалидни прочистувања на Избирачките списоци, треба да се покрене иницијатива за расчистување на фиктивните партии.
Пулс24 се сомнева дека според Законот за партии, таа партија има 1000 члена и дека пред овие избори надлежниот судија за партии не би било лошо да побара од партиите како оваа да докажат дека имаат членови колку што е пропишано со Законот за партии.
Истото важи за ОМ, ПЕИ и ДОМ.
Членовите на овие партии веќе одамна преминаа во ВМРО-ДПМНЕ или некоја друга партија, оставајќи зад себе празни штабови и промаја на прес-конференциите.
Кредибилитетот на овие партии е срамно да се рече дека е и нула, со оглед на тоа што нивните лидери добро ѝ се познати на јавноста како камелеони и пред сѐ, лица со криминални досиеја, освен за лидерот на ДОМ што е приказна сама по себе.
Накратко за лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски:
https://puls24.mk/makedonija/vesti/transkript-kako-boskovski-go-prodava-imeto-na-drzavata
Накратко за лидерот на Партијата за европска иднина, Фијат Цановски:
https://puls24.mk/mk/vesti/kosmos-ne-bila-edinstvenata-divogradba-na-canovski
И една дилема: Дали Трајанов и после ова ќе каже дека е лидер на партија, а се најде на листата фантоми?
https://puls24.mk/mk/vesti/i-pavle-trajanov-e-fantomski-glasac
Токму поради овие работи, невистини и скандали, овие лешинарски партии на митинзите не можат да соберат ни приближно 1000 луѓе!Во соопштението испратено до јавноста, беше елаборирано следното:
„Без одговорност за креаторите на кризата, прочистен избирачки спис