Три деца и двајца возрасни, загинаа од струен удар во базен за пливање во северозападна Турција, јавуваат локалните медиуми.Инцидентот се случил во еден забавен парк на вода, во градот Акиази, одалечен 100 километри источно од Истанбул.
Директорот на паркот, а потоа и неговиот син, се фрлиле во водата на базенот за да им помогнат на децата, за кои мислеле дека се дават, но и тие настрадале од струјниот удар на електрифицираната вода.
Весникот „Хуриет„ пишува дека децата и двајцата возрасни биле итно префрлени во болница, но таму само ја констатирале нивната смрт.
Децата биле на возраст меѓу 12 и 17 години. Весникот јавува дека едно лице било повредено во инцидентот. Полицијата отвори истрага за случајот.
Засега не е јасно како дошло до електрифицирање на водата во базенот, што го предизвика загинувањето на пет лица.Инцидентот се случил во еден забавен парк на вода, во градот Акиази, одалечен 100 километри источно од Истанбул.
Директорот на паркот, а по