Трагедија: По долги години борба со неплодноста, родила близнаци па се самоубила!

Клер Тарпин и нејзиниот сопруг Ендрју од Америка после долго време борба со неплодноста на Клер, биле пресреќни кога таа останала бремена, но што подоцна се случило никој не можел ни да го замисли.Клер родила близначиња, Џек и Елиза, а породувањето не било лесно. Мајката била погодена од акутна постпородилна депресија, која завршила со нејзино самоубиство, кога бебињата наполниле само 3 месеци.Клер се качила на врвот на повеќекатен паркинг и се фрлила оттаму.
Клер и нејзиниот сопруг повеќе години барале начин како да добијат деца. По подолготрајни обиди, таа преку инсеминација успеала да остане бремена со близнаци. Биле пресреќни кога го дознале тоа.Првото бебе се родило сосема нормално, но при породувањето со второто, дошло до компликации и бил извршен царски рез. Клер изгубила многу крв.

Од весела и самоуверена жена, таа станала несигурна и ирационално убедена дека не е доволно добра мајка.- Таа се бореше да верува во себе. И велев дека е стресно кога во семејството ќе дојдат нови членови, особено кога се работи за близначиња – изјави Дона Сандерсон која и помагала да ја надмине постпородилната депресија.
Десет дена пред самоубиството Дона повторно ја посетила Клер. Дечињата блескале, а таа со ништо не навестила дека планира да си го одземе животот.- Бев уништена кога слушнав што сторила. Беше прекрасна личност – вели Дона.Клер не можела да се соочи со очекувањата на околината да биде среќна со своите бебиња бидејќи однатре не чувствувала никаква среќа.
Била убедена дека не е доволно добра мајка и дека социјалните служби ќе и ги одземат децата. Кога нејзината мајка починала, ситуацијата и се влошила.И покрај тоа што по долги обиди конечно го добила она што најмногу го сака – деца, таа не успеала да ја победи депресијата и си го одзела животот.Клер родила близначиња, Џек и Елиза, а породувањето не било лесно. Мајката била погодена од акутна постпородилна депресија, која завршила со нејзин

Пронајдете не на следниве мрежи: