Трагедија: Починал навивач на Црвена Ѕвезда, никој не сакал да му помогне

Неговите пријатели повикувале помош, но никој не им одговорил. Сите само поминувале и се загледувале во кутриот човек.Владимир Чирковиќ (41) од Ужице, Србија, починал од срцев удар при напуштање на натпреварот помеѓу Црвена Ѕвезда и Уникс.
Неговите пријатели велат дека и пред натрпеварот тој се жалел дека не му е добро, но си го измил лицето во тоалетот и решил да го проследи натпреварот до крај. На излегување, Владимир се онесвестил на скалите. Пријателите на Владимир велат дека почнале да викаат и бараат помош. Забележале полициско возило и комбе на итната помош, но никој не пришол да им помогне.

 
Присутните медицински екипи на настанот пак се правдаа дека на човекот му се слошило 30 минути по натпреварот. Во тој момент медицинските тимови се расформирале и еден од лекарите тргнал дома, кога ги слушнал пријателите на Владимир како викаат по помош, по што веднаш притрчал да им помогне.
И покрај обидите за реанимацијана пат до болницата и во неа, Владимир починал од срцев удар.Владимир Чирковиќ (41) од Ужице, Србија, починал од срцев удар при напуштање на натпреварот помеѓу Црвена Ѕвезда и Уникс.
Неговите пријател

Пронајдете не на следниве мрежи: