ТРАГЕДИЈА ПОРАДИ АПЛИКАЦИЈА: Една лага му го уништи животот на овој тинејџер!

Зак Андерсон има 19 години и е типичен тинејџер. Го интересираат компјутери и планираше да гради кариера заснована на љубовта кон електрониката. Сепак, тој сега мора да ги заборави овие планови.Според судската пресуда, тој не смее да користи интернет, да оди во шопинг центар или да се приближи до некое училиште или детско игралиште. Поради неговиот 15-годишен брат, тој повеќе не може ниту да живее во семејниот дом.
Овој тинејџер се наоѓа на листа на сексуални престапници поради флертување преку апликација за мобилни телефони.
Имено, Зак запознал девојка преку апликација и таа му рекла дека има 17 години, а всушност имала само 14. Поради сексот со неа, Андерсон направил кривично дело.
Тој е уапсен и осуден на 90 дена затвор, пет години условна казна и ставен е на листа на сексуални престапници во Индијана и Мичиген на период од 25 години.

Неговите родители се изненадени од одлуката на судот, а девојчето и нејзината мајка изјавиле дека Зак не треба да се најде на листата на сексуални престапници. Девојчето призна дека лажело.
„Жал ми е што не ти реков колку години имам. Сега кога знам низ каков пекол поминуваш поради мене, јас сакам да се најдам во тој проблем, а не ти“ – напишала во писмо.
Иако сексот бил согласен и покрај тоа што девојчето лажело колку години има, Зак не бил спасен од обвинението. Судијата Денис Вајли дури изјавил и дека е лут поради фактот што Зак користел интернет за да најде девојка и тоа го именувал како „неодговорно однесување“.
Зак го очекува уште едно сослушување на кое неговиот адвокат ќе се обиде да ја ублажи казната.
Според судската пресуда, тој не смее да користи интернет, да оди во шопинг центар или да се приближи до некое училиште или детско игралиште. Поради

Пронајдете не на следниве мрежи: