Најмалку 50 лица се удавија во синоќешната бродска несреќа, кога пловилото со мигранти се преврте на патот меѓу Сицилија и Тунис. Меѓу жртвите има десетина деца.Бродоломот се случи јужно од Малта и Лампедуза.
Малтешки брод примил 150 лица, а италијанскиот воен брод Либра примил околу 50 лица, откако се преврте бродот на кој имало 250 бегалци. Се уште трае спасувачката акција, а временските услови се тешки бидејќи дува силен ветер.
Бегалците на бродот сами огласиле тревога преку сателитскиот телефон, додека бродот бил во малтешките територијални води, меѓу Малта и Лампедуза, близу либиските територијални води.
Бродот се дестабилизирал и се превртел додека имигрантите мафтале за да го привлечат вниманието на воениот авион кој го надлетувал бродот, соопшти италијанската воена морнарица.
Малтешката морнарица на местото на несреќата испрати бродови за спасување и хеликоптери, а пренасочи и повеќе трговски бродови кои пловеле во тоа подрачје. Италијанските власти испратија два воени брода Либра и Респира, како и хеликоптери од кои кон преживеаните спуштаа гумени чамци.
Несреќата се случува само една недела по потонувањето на рибарски брод кај островот Лампедуза, при што загинаа повеќе од 300 бегалци. Од оваа несреќа, досега се пронајдени телата на 328 лица, а на него имало повеќе од 500 мигранти, повеќето од Еритреја. Само 150 лица ја преживеаа несреќата.
Во водите околу Лампедуза од 1994 година се удавиле 6.825 илегални имигранти, од кои 2.352 само во 2011 година.Бродоломот се случи јужно од Малта и Лампедуза.
Малтешки брод примил 150 лица, а