ТРАГЕДИЈА: Самоубиец скокнал од 20. кат и паднал врз човек кој бил…

Дваесет и пет годишен јужнокорејски студент кој извршил самоубиство со скок од 20 кат на зграда, паднал врз маж кој си одел дома со својата бремена сопруга и синот и го убил, јавија локалните медиуми.Несреќата се случила вчера во градот Гвангју на југот од Јужна Кореја, кога 25-годишен студент од огромна височина паднал врз 38-годишен службеник, пренесе Франс прес.
Во моментот на несреќата 38-годишниот маж си одел накај дома со сопругата која е во осмиот месец од бременоста, и со нивниот пет годишен син.
И двајцата мажи веднаш биле пренесени во болница, но ниту еден не преживеал, тврди јужнокорејската агенција Јонхап.
Полицијата објави дека ќе подигне обвинение против самоубиецот за убиство од небрежност, за семејството на загинатиот службеник да може полесно да ги подигне парите од осигурувањето…
Јужна Кореја има највисока стапка на самоубиства во светот. Ова не е прв случај кога покрај самоубиецот, самоубиствата носат и други жртви. Во мај 2013 година, 39-годишен маж кој се фрли од 11-от кат на висококатница, падна врз петгодишно девојче кое поради повредите подоцна почина во болница.Несреќата се случила вчера во градот Гвангју на југот од Јужна Кореја, кога 25-годишен студент од огромна височина паднал врз 38-годишен службеник,

Пронајдете не на следниве мрежи: